EPA-EFE/Henning Bagger DENMARK OUT

Многумина ги оспоруваат неговите квалитети и ги ставаат под забелешката „тој е брат на големиот Никлас“, но германскиот вицешампион Кил не мисли така. „Зебрите“ сметаат на Магнус Ландин и откако најдобриот светски голман ќе го напушти тимот.

Данското лево крило и најголемиот германски клуб потпишаа нов договор до јуни 2025 година. Магнус (27) во 2018 година пристигна меѓу „зебрите“. Во летото 2023 година Никлас Ландин ќе му се приклучи на данскиот вицешампион Алборг и со тоа ќе го раскине братскиот пакт во црно-белиот дрес.

Магнус Ландин е дел од репрезентацијата на Данска, со која двапати го освои Светското првенство во 2019 и 2021 година, се закити и со олимписко сребро во 2021 година, а има и други вредни одличја.

Со Кил браќата Ландин ја освоија Лигата на шампионите, Бундеслигата, Купот на Германија.