Лидија Вукиќевиќ, Виолета од „Подобар живот“, со вознемирувачки, жешки, летни фотографии од Венеција

215

Мајка ми знаеше строго да ми каже: „Децата ги влечеш насекаде, како кокошката своите пилиња“. Тоа е вистина, јас ги влечев моите деца насекаде, тие другаруваа со сите познати личности бидејќи секогаш беа со мене. По мојот развод, никаде не излегував. Сосема им се посветив на синовите

Армијата нејзини обожаватели не останаа рамнодушни. На Лидија Вукиќевиќ, која и во 60. година од животот изгледа фантастично, тие ѝ пратија грст комплименти. А, причината се, пред сè, летните фотографии од една морска плажа, со кои таа го испрати своето најомилено годишно време. Фановите ѝ напишаа дека е како „авион што може да го стресе дури и Путин, моментално најважниот човек на нашата планета, доколку посака да го ‘бомбардира’“. Навистина, обожавателите не згрешија кога е во прашање убавината на Виолета од серијата „Подобар живот“. Во оваа серија, Лидија оствари значајна, незаборавна улога.

Лидија е и мајка на сега возрасните синови Андреј и Давид, кои важат за големи заводници кај понежниот пол. За комуникацијата со своите синови, вели дека им е и најдобра другарка.

– Треба да започнете да комуницирате со децата навреме, да знаете да оцените што треба, а што не треба да прават. Мене ми успеа тоа и сега сум горда мајка на која тие ѝ ги доверуваат сите свои тајни, освен оние, се разбира, најинтимните, кои ги имаат со своите нежни половини. Зборувам од сопствено искуство. На пример, кога беше бебе, кога ќе го исклучев светлото во собата, Давид почнуваше да плаче; кога ќе го вклучев, престануваше. На пример, ќе го удрев малку по колената велејќи му:„Молчи, не смееш да плачеш!“ Треба да ја развиете таа комуникација со бебето.

Мајка ми знаеше строго да ми каже: „Децата ги влечеш насекаде, како кокошката своите пилиња“. Тоа е вистина, јас ги влечев моите деца насекаде, тие другаруваа со сите познати личности бидејќи секогаш беа со мене. По мојот развод, никаде не излегував. Моето старо соседство го знае тоа. Сосема им се посветив на синовите. Секогаш бев на штрек дека може да им се случи нешто – вели популарната Лидија.

Таа со години важи за безвременска убавица и за одлична актерка, која е една од миленичките на домашната јавност.

Јавна тајна е дека Лидија стави силикони во градите. Изгледа совршено, па на изгледот ѝ завидуваат и помладите девојки. Најмногу сака да биде во бикини. Редовно споделува такви фотографии, па во еден миг собра над 8.000 лајкови, но и многу коментари.

Пред да замина за Италија, од каде што го испрати летото, Лидија беше седната покрај прозорец, посакувајќи летото брзо да ѝ се врати. За да гледа во она што најмногу го сака –

во морето, а и да се најде на некоја од морските плажи. Се разбира, во костим за капење. Последните свежи информации велат дека Лидија е во Италија со дебела причина. Првата причина е нејзиниот љубовник. Таа има во план да остане, да живее и да работи таму. Го крие љубовникот од новинарите. Се знае само дека е сликар и дека е дури 20 години помлад од неа.

– Уживам во новата љубов, уживам во бајковитата Венеција. Мојот помлад партнер ми донесе нова животна радост. Поодамна ми требаше некој сличен, партнер што ќе ме следи на мојата бранова должина, кој ќе ме спушти на земја. Ова лето ми беше едно од најубавите. Не само поради Италијанецот туку и поради бизнисот. Со една компанија во Италија направивме производ што ќе се пласира на нашиот балкански пазар, низ цела поранешна Југославија. Тоа е производ што го создадов со тим од експерти од Венеција. Сто проценти стојам зад нешто што може да им помогне на жените во делот на убавината на кожата – вели убавата Лидија. (Д.М.) фото:Архива