Италијанската авиокомпанија Алиталија се затвора и ги прекинува сите летови од 15 октомври.
Дадена е можност купените билети да се заменат со други со датум пред 15 октомври, но само за истата релација, а за другите се доплаќа. Исто така, има опција за враќање на парите.
По затворањето, Алиталија ќе биде преземена од нова компанија, државната ИТА која од вчера ја почна продажбата на билетите за летовите од 15 октомври.
Алиталија има 52 авиона, а ИТА планира зголемување на флотата до 105 авиони до 2025 година. Плановите се да лета од Рим и Милано до Њујорк, Бостон, Мајами, Токио и голем број европски градови.
Банкротот на Алиталија, која државата се обидуваше да ја спаси повеќе години, засега околу 250.000 луѓе.