Алкантара сака во Милан

92

Италијанскиот портал „Калчомеркато“ ја пласираше и информацијата дека бразилскиот интернационалец од редовите на вицешампионот на Франција, тимот на ПСЖ, Рафаел Алкантара, сака својата кариера да ја продолжи во редовите на калчо гигантот Милан. Седумкратниот европски клупски шампион е во потрага по фудбалер кој ќе биде достојна замена на турскиот интернационалец Хакан Чаланоглу кој сега го носи дресот на градскиот ривал Интер.