Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ започна со бележење на паркинг местата наменети за лица со посебни потреби за да им овозможи безбедно и непречено функционирање во општината.
Од претпријатието апелираат до граѓаните да паркираат совесно и да не им го одземаат паркинг местото на оние на кои им е најпотребно!
-Сите непрописно паркирани возила кои ќе бидат затекнати на места означени за лица со посебни потреби ќе бидат отстранети со „пајак”-велат од ЈП ПОЦ.