Хотелот на средно Водно заглавен во имотно-правни лавиринти!

3378

Со овој ресторан стопанисува  „Македонија турист“ од каде што велат дека е убаво што луѓето се интересираат за овој хотел. Овој објект, како што истакна претседателката на Управниот одбор на „Македонија турист“, Мирјана Таневска-Ефремова, работел до пред короната, а по завршување на пандемијата дел од нивните хотели почнале да ги затвораат, меѓу кој и оној на Средно Водно, бидејќи немало туристи, немало интерес. Таа додаде дека хотелот не е во добра состојба и потребна му е реставрација од корен, бидејќи е стар и е граден во времето на поранешна Југославија. Но, тоа за сега не може да се направи, бидејќи постојат имотно-правни проблеми.

-Проблемот постои веќе 10 години. Уште во 2014 година сме во лавиринт, со цел да го приватизираме земјиштето под хотелот. Објектот е легализиран, но право на користење на земјиштето имаат околу 30 физички и правни лица. Државата го укина правото на користење. Еден од нив се жалеше до Второстепената комисија и тоа е кочницата што до сега не можевме ништо да направиме – коментира Таневска-Ефремова

 

Скопјани кои често се рекреираат на Водно реагираат и се прашуваат зошто ресторанот и хотелот, кој е на убава локација на Средно Водно, во близина на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, е затворен. Велат дека додека работел тоа било убаво место каде што можеле да седнат на кафе муабет, да се освежат со пијалак или нешто да јадат.

Со овој ресторан стопанисува „Македонија турист“ од каде што велат дека е убаво што луѓето се интересираат за овој хотел. Овој објект, како што истакна претседателката на Управниот одбор на „Македонија турист“, Мирјана Таневска- Ефремова, работел до пред короната.

-Со одлука на Владата за време на пандемијата беа затворени сите ресторани и хотели. Ние како општествено одговорна компанија ги понудивме нашите капацитети за сите Македонци кои доаѓа од патувања во странство, заради потребата од карантин. Помина се во најдобар ред, за среќа немаше позитивни – објасни Таневска-Ефремова.

Таа додаде дека по завршување на пандемијата дел од нивните хотели почнале да ги затвораат, меѓу кој и оној на Средно Водно, бидејќи немало туристи, немало интерес.

Како што објасни Таневска-Ефремова, хотелот не во добра состојба и потребна му е реставрација од корен, бидејќи е стар и е граден во времето на поранешна Југославија. Но, тоа за сега не може да се направи, бидејќи постојат имотно- правни проблеми.

-Проблемот постои веќе 10 години. Уште во 2014 година сме во лавиринт, со цел да го приватизираме земјиштето под хотелот. Објектот е легализиран, но право на користење на земјиштето имаат околу 30 физички и правни лица. Државата го укина правото на користење. Еден од нив се жалеше до Второстепената комисија и тоа е кочницата што до сега не можевме ништо да направиме – коментира Таневска-Ефремова.

Таа нагласи дека многу пати испраќале ургенции до Второстепената комисија, по што предметот бил решен во нивна полза, но сега корисникот се жалел до Управниот суд, од каде предметот е препратен на Вишиот управен суд, од каде што повторно е вратен на Министерството за финансии.

-Сега ќе го прецизираме барањето и сметам дека конечно ќе се реши, по што објектот веднаш ќе биде обновен од корен. На Водно му недостасува  еден современ и прекрасен објект – заклучи Таневска-Ефремова.

(А.П.)