Нова понуда за Алкантара

81

Извршниот директор на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), Карл-Хаинц Румениге, откри дека се уште нема официјална понуда за шпанскиот интернационалец Тијаго Алкантара, но додаде дека искусниот играч за врска сака да си замине од Минхен за време на летниот преоден рок. Поранешниот фудбалер на Барселона сака својата кариера да ја продолжи во редовите на новиот шампион на Англија, тимот на Ливерпул, но официјалната понуда за неговите услуги не смее да биде помала од 40 мил. евра.