НБА-кошаркарот Андре Робертсон се враќа на терените по пауза од две ипол години иако во еден момент беше многу блиску да се збогува од кошарката. Поминаа точно 909 дена од последниот натпревар кој го одигра 30-годишниот крилен играч на Оклахома, а беше дел од пријателскиот натпревар против Бостон. Причина за неговата долга пауза беше повреда на коленото, тетива на чашката која ја скина на 27 јануари 2018 година, во натпревар против Детроит.

Останува да се види дали Робертсон е во доволно во добра форма да му помогне на својот тим во продолжението од сезоната во НБА-лигата која беше прекината поради пандемијата на коронавирус.