7-ми земјотрес за неколку дена во Србија: Сеизмолог – МОЖЕН Е ПОСИЛЕН УДАР!

885

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала го погоди Петровац на Млава утрово во 4.45 часот, а потресот се почувствувал дури до Белград. Сепак, како што изјави за Телеграф.рс сеизмологот Славица Радовановиќ, се очекува таму во иднина да се појави уште посилен удар.

Таа објаснува дека раседот кој минува од Велики Градиште до Свилајнец има капацитет да генерира земјотреси со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, пренесува Телеграф.рс.

– Имаше неколку земјотреси, но имајќи предвид дека земјотреси имаше и на северниот дел на раседот кој оди од Велико Градиште преку Петровац на Млава до Свилајнец и дека оваа расед има капацитет да генерира земјотреси со јачина од 5 степени. Таму немало такви земјотреси повеќе од 30 години, од 1991 година. Лани кажав дека е можно таму да се случат земјотреси. Кога Сеизмолошкиот завод ќе ги анализира податоците, тогаш ќе знаеме дали се работи за редовна сеизмичка активност или е активиран еден од попречните раседи, па земјотрес ќе има само на главниот“, објаснува Радовановиќ.

Таа додава дека тоа е веќе 7-ми земјотрес по ред, а главниот удар ќе биде во иднина.

-Ова е веќе 7-ми земјотрес во таа област, се е истиот расед. Таму полека расте сеизмичката активност, а главниот удар ќе биде во иднина, не знаеме кога – вели таа.

Два земјотреси, од кои едниот со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, рано утрово го погодија Петровац на Млава. Епицентарот повторно бил во Ќовдин, каде што бил минатиот викенд.

Првиот земјотрес се случи во 4 часот и 45 минути, со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала. Вториот се случи во 5 часот и 3 минути. Бил на длабочина од 7 километри сп магнитуда од 2,4 степени.

Земјотресот бил почувствуван од Ќовдин, низ околните села, па се до Белград, каде ги разбудил граѓаните од сон.