И оваа година Општина Бутел доделува парични ваучери на најдобрите ученици од општинските основни училишта, првенец на генерација, односно првенци на одделенија.
Паричните ваучери се во вредност од 12.000 денари и 6.000 денари на најдобрите ученици.
Јавните повици во основните училишта се во тек.
-Вложуваме максимално во образованието. Континуирано се грижиме за нашите најдобри ученици. Учениците се наша гордост, наша должност е да го почитуваме нивниот труд – потенцираат од Општина Бутел.