Општина Гази Баба со свој придонес во реконструкцијата на опожарената куќа

52

Градоначалникот  на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски ќе достави предлог до Советот на Општина Гази Баба за определување на финансиска поддршка за реконструкција на домот на семејството Богдановски од Јурумлери. Воедно, упати апел до сите општествено – одговорни компании и граѓани кои имаат можност да донираат за заедно да помогнеме за надминување на маката на Зоран и неговото семејство.

Тој го посети семејството на Зоран Богдановски посети семејството на Зоран Богдановски.

Огнот за момент комплетно го уништил домот на семејството Богдановски и се она што со години наназад го граделе. Среќа е што Зоран, неговите деца и внуци кои биле во домот за време на пожарот останале неповредени.