10-месечниот Кфир, најмладиот заложник останува кај Хамас: Не е на списокот за размена!

89
Фото0: StandWithUs X screenshot

На 10-месечна возраст, Кфир Бибас помина повеќе од една петтина од својот млад живот во заробеништво, а неговото лице со срнести очи и светло-црвената коса се живописни симболи на болката и страдањето што ги преживеаја израелските заложнички семејства, јавува денес Си-Ен-Ен.

Роднините на семејството Бибас се информирани дека никој од семејството, меѓу кои и 10-месечниот Кфир и 4-годишниот Ариел, не е на списокот заложници кои се очекува да бидат ослободени денеска.

Повеќе од 50 дена откако милитантите на Хамас го киднапираа од нивниот дом во јужен Израел, семејството на Кфир вели дека не е поблиску до сознание дали тој е безбеден – па дури и жив.

„Ние сме многу, многу загрижени за него“, изјави Ајлон Кашет, роднина на семејството, за Си-Ен-Ен, држејќи фотографија од момчето.

„Не сме сигурни дали ќе успее. Секој нов ден што ќе остане таму претставува реална опасност за неговиот живот“, додава тој.

Кфир, неговиот четиригодишен брат Ариел, како и нивната мајка Шири, и веројатно нивниот татко Јарден беа киднапирани од Нир Оз, израелски кибуц кој беше уништен кога беше нападнат од милитантите на Хамас на 7 октомври. Напаѓачите убиле повеќе од четвртина од заедницата и заробиле десетици други, додека пукале во домовите на луѓето, ограбувајќи и уништувајќи се што можеле. Судбината на Јарден е непозната, а се верува дека тој е или мртов или еден од околу 200-те заложници кои останале во притвор на Хамас.