Ќе добие ли Македонија прв Африканец градоначалник?

Викендов истече рокот за поднесување на кандидатури на локалните избори во Штип и Пласница, а новите градоначалници ќе имаат мандат до октомври следната година, кога треба да се одржат редовни локални избори на ниво на цела Македонија. Вистинско изненадување за штипјани е Симон Поликарп, познат како  Џими, кој е роден  во Нигерија, а во Штип дошол да студира, но тука формирал семејство и веќе неколку децении  живее и работи. Ова не прв политички предизвик за Џими, со оглед на тоа што на парламентарните избори во 2008 година, тој беше кандидат за пратеник од партијата ТМРО

2208

Кардиологот Сашко Николов од СДСМ заедно со Нигериецот Џими- Симон Поликарп, и уште тројца кандидати ќе се тркаат за градоначалничката фотелја во Штип. Викендов истече рокот за поднесување на кандидатури на локалните избори во Штип и Пласница, а новите градоначалници ќе имаат мандат до октомври следната година, кога треба да се одржат редовни локални избори на ниво на цела Македонија.

Во трката за градоначалник на Штип, освен докторот Николов и Џими од ИНТЕГРА, влегуваат и независниот кандидат, Трајче Митев кој ги собра потребните 260 граѓански потписи, Лазар Наумов музичар од партијата ТМРО, како и Гоце Ангелов од новата  коалиција „Иднината во наши раце“. Вистинско изненадување за штипјани е Симон Поликарп, познат како  Џими, кој е роден  во Нигерија, а во Штип дошол да студира, но тука формирал семејство и веќе неколку децении  живее и работи. Ова не прв политички предизвик за Џими, со оглед на тоа што на парламентарните избори во 2008 година, тој беше кандидат за пратеник од партијата ТМРО.

ВМРО-ДПМНЕ пак, одлучи да не учествува на предвремените локални избори во Штип и Пласница. Веста ја објави опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, кој додаде дека ниту една политичка кариера, а уште помалку на Заев и Бочварски, не е поважна од здравјето на граѓаните.

„Секој ден броиме по десетина граѓани кои го губат живот поради коронавируот, а имаме илјадници новозаболени. Затоа нема да учествуваме на овие локални избори во Штип и Пласница“, рече Мицкоски.

И портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, подоцна потврди дека СДСМ и ДУИ останаа сами во обидите за одржување на изборите, во време кога, како што вели, секој нормален човек би бил „за“ нивно одлагање.

Пред неколку дена и албанската опозиција побара изборите да се одложат поради пандемијата, но владејачката ДУИ излезе со свој кандидат за Пласница.

За нов градоначалник таму е предложен Алија Јахоски, брат на долгогодишниот градоначалник на Пласница, Исмаил Јахоски, кој беше избран за пратеник на последните парламентарни избори.

Изборите за градоначалник во Штип и Пласница се закажани на 13 декември, ќе се гласа според здравствените протоколи на предвремените парламентарни избори. На 11 декември гласаат болните од ковид-19, на 12 декември болните, изнемоштени лица и осудениците во затворите, а на 13 декември е изборниот ден, кога гласачките места се отвораат во 7 часот.   (Ј.Ц.Г.)