Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски се наметнува во лидер на својот Вашингтон Стејт Универзитет. На последните три меча одигра одлично, два пати беше прогласен за играч на натпреварот, а во третиот оствари дабл-дабл учинок.

Во овој момент, Јакимовски е најдобар стрелец за три поени во цела НЦАА (1 дивизија) според процентот на уфрлени тројки кога станува збор за европските кошаркари во ова натпреварување. Досега погоди 27 од вкупно 60 обиди или 45% што е фантастичен ефект за македонскиот репрезентативец.