Вучиќ: Повеќе ме засегна односот на Северна Македонија, отколку Црна Гора

107

Во програмата „Прва тема“ на ТВ Прва, српскиот претседател Александар Вучиќ ги искажа своите ставови за односите со Македонија и Црна Гора, како и за улогата на Србија во регионалната политика. Вучиќ истакна дека вложил големи напори за зачувување на односите со Северна Македонија, нарекувајќи ги „браќа“.

-Односот на Северна Македонија не е фер затоа што ми се чини дека најмногу вложив во односите со браќата Македонци и тие секогаш ќе бидат наши браќа.

Сепак, тој изрази дека го погодила недоследноста во тој однос, особено во споредба со Грција, која, според него, покажала поголема решителност во односите со Србија.

Се покажа дека Грција (која беше воздржана) има повеќе ‘рбет од Северна Македонија и тоа е така, го сакале ние тоа или не, рече Вучиќ.

По враќањето од Њујорк, каде што зборуваше на седницата на Генералното собрание на ОН каде беше усвоена Резолуцијата за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и осуда на негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници, Вучиќ за ТВ Прва изјави дека за разлика од гласањето на Црна Гора потешко е погоден од ставот на Скопје, без разлика на приказните за претходната влада.

Вучиќ рече и дека Црна Гора „никогаш нема да донесе“ резолуција за геноцидот во Јасеновац, откако претставниците на Србите во таа земја најавија дека ќе предложат усвојување на таков документ до Собранието на Црна Гора.

-Тие рекоа дека ќе ја усвојат таа резолуција мислејќи дека ќе купат два дена околу Сребреница и потоа сите ќе заборават на тоа. Тие не смеат да усвојат таква резолуција, рече Вучиќ на Тв Прва.