Цеца Ражнатовиќ одбива да старее иако е веќе баба и има внук

779

Се подмлади со новата светска пико-ласер технологија

– Негата и дотерувањето треба да се грижа на секој човек. Јас сакам да изгледам добро во овие години и сега кога сум баба, кога имам златно внуче. Животот не завршил, не тагувајте. Секој од нас треба што е можно подолго да ја задржи младоста. Не само физичката туку и духовната. Мислите секогаш нека ви бидат позитивни, не оптоварувајте се со проблеми, тие секогаш постојат и кај богатите и кај сиромашните луѓе. Тие ќе ве изедат однатре ако постојано мислите на нив. Мислете на убави работи, кои ве прават среќни.

Сакам такви ласерски третмани, сакам да се грижам за себе, бидејќи следам сè што е ново во „бутиците“ за убавина. Сакам да ја задржам свежината што е можно подолго, секогаш да изгледам згодно за мојата публика. Дури и да не се занимавам со оваа работа, јас сум таква личност. Ни на пазар не одам ако не сум средена – објасни популарната пејачка, која неодамна имаше свој концертен настап во една од скопските дискотеки.  Д.М.