Хамас го ракетираше Израел

846

Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека осум ракети влегле на територијата на Израел, а неколку биле соборени, во напад за кој одговорноста ја презеде милитантната група Хамас.

Видеата на социјалните мрежи покажуваат како израелскиот систем за противвоздушна одбрана „Железна купола“ соборува ракети над Израел, а предупредувачки сирени се слушаат во градовите Херцлија, Тел Авив, Кфар Шмарјаху, Рамат Хашарон, Петах Тиква и во неколку помали населби.

Службите за итни случаи соопштија дека две жени биле полесно повредени бегајќи кон засолниште од нападот кој, според објавите на социјалните мрежи, бил лансиран од градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, пишува The Times of Israel.