Франција и Меси на низок старт

108
epaselect epa10308721 Lionel Messi (C) of Argentina scoring the fourth goal of his team during the international friendly soccer match between the United Arab Emirates and Argentina in Abu Dhabi, UAE, 16 November 2022. Argentina is preparing for the FIFA World Cup 2022 in Qatar with their first match against Saudi Arabia on 22 November. EPA-EFE/ALI HAIDER

На хартија, денешните четири натпревари од групната фаза на Светското првенство во Катар, треба да поминат во знакот на големите фаворити за победничкиот трофеј, репрезентациите на Франција и Аргентина. „Гаучосите“ први, и тоа во 11:00 часот, ќе ја почуствуваат тревата во Доха, а за противник ќе ја имаат селекцијата на Саудиска Арабија. И покрај информацијата која беше пласирана од многу медиуми, дека под знак прашалник бил настапот на најголемата ѕвезда во „сино-белиот“ дрес, Лионел Меси, последните информации кои пристигнуваат од аргентинскиот табор потврдуваат дека фудбалерот на ПСЖ ќе биде во почтниот состав.

  • Имаме големи соништа, но исто така сме реални и свесни дека и мора да разбереме дека ова е Светско првенство, се е многу тешко овде. Секој детал може да не исфрли од игра, изјави капитенот на Аргентина, Лионел Меси.

Три часа подоцна ќе стартува првиот натпревар од групата „Д“, дуелот помеѓу репрезентациите на Данска и Тунис. Ако се суди според моменталната форма на фудбалерите, тогаш „скандинавците“ важат за голем фаворит и се освен победа на избраниците на Хјулманд Каспер, ќе биде дефинирано како вистинска сензација.

Далеку поголема борба и неизвесност до последниот судиски свиреж се очекува на вториот натпревар од групата „Ц“, пресметката помеѓу репрезентациите на Полска и Мексико. И во Катар борбеноста и на моменти преагресивната игра треба да биде главното оружје на Мексиканците, каде главниот збор треба да го има напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез, додека на спротивната страна, сосема очекувано сите погледи ќе бидат насочени кон бомбардерот на Барселона, Роберт Левандовски.

Богатиот фудбалски ден ќе биде комплетиран со дебито на актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Франција, која и покрај големите проблеми со повредените фудбалери, важи за апсолутен фаворит во дуелот против селекцијата на Австралија

  • Искрено, многу сум тажен поради повредата на Карим Бензема. Знам колку сакаше да биде дел од Мундијалот во Катар, не му се исполни зацртаната цел. И покрај новиот проблем за француската репрезентација, јас имам целосна доверба во моите играчи. Ќе дадеме се од себе и ќе му се спротиставиме на овој голем предизвик кој е веќе пред нас, изјави селекторот на „Галските Петли“, Дидиер Дешамп.

Денеска на програмата: ГРУПА Ц: Аргентина – Саудиска Арабија (11:00 ч.), Мексико – Полска (17:00 ч.). ГРУПА Д: Данска – Тунис (14:00 ч.), Франција – Австралија (20:00 ч.).