Без победник заврши вториот натпревар од групата „Б“ на Светското првенство во Катар, дуелот помеѓу репрезентациите на САД и Велс. Американците први дојдоа во водство и тоа со погодокот на синот на актуелниот претседател на Либерија, Жорж Веа, Тимоти Веа, а израмнувачкиот погодок беше дело на Герет Бејл, кој успешно го реализираше ударот од белата топчка. Првиот натпревар од истата група помеѓу Англија и САД заврши со убедлив триумф на „Гордиот Албион“ од 6:2.