Преговорите за прекин на огнот во Газа завршија без договор

44

Последната рунда разговори за прекин на огнот во Појасот Газа заврши откако Израел им укажа на посредниците, вклучувајќи ги САД, Египет и Катар, на резервираноста на Тел Авив за предлогот на Хамас за заложници, изјави израелски официјален претставник за Ројтерс.

Тој додаде дека израелската делегација се вратила од Каиро, а Израел ќе ги продолжи воените операции во Рафа и другите делови на палестинската енклава според планираното.

Преговорите продолжија во вторникот во Каиро, кога делегациите на Хамас и Израел се вратија во главниот град на Египет, откако претходната рунда преговори пропадна.