ФОТО: Тиквеш го освои трофејот во Купот на Македонија!

103

За првпат во клупската историја, фудбалерите на Тиквеш го освоија трофејот во Купот на Македонија.

Кавадарчани беа подобар противник во сите 90 минути на националната арена „Тодор Проески“ и сосема заслужено со 2:1 ја добија финалната пресметка против екипата на Воска Спорт.

Тиквеш дојде до убедливо водство со погодоците на Стојкоски и бразилскиот интернационалец Луан Силва, а почесниот погодок за Воска Спорт беше дело на Шаркоски.

ФОТО: П.Стојановски