Новинарите на BBC влегоа во Кибуц Кфар Аз во јужен Израел. За време на викендот Хамас упадна таму, палејќи куќи и убивајќи семејства. Некои од загинатите беа обезглавени. По должината на границата на Израел со Газа, телата се собираат дури сега откако Хамас ја проби граничната ограда од Газа во саботата рано наутро.
Израелските војници ги извлекуваат телата, а Би-би-си јавува дека повеќето убиства се случиле во првите часови од нападот во саботата.
„На израелската армија и беа потребни 12 часа да стигне до кибуцот“, изјави за Би-Би-Си Давиди Бен Зион, заменик командант на единицата 71, искусен падобрански тим што го предводеше нападот.
„Фала му на Бога, спасивме многу животи. За жал, некои беа запалени со молотови коктели. Напаѓачите на Хамас беа како џихад машина за убивање цивили, некои беа обезглавени“, додаде Бен Зион.
Напаѓачите ги убиле сите пред нив, вклучително и бебиња.
„Ги убија и им отсекоа дел од главите. Страшно е да се види. Светот треба да биде со нас“, рече тој.
Полицаецот му ја покажал на репортерот на Би-Би-Си како под него имало убиена жена на која и била отсечена главата. Неколку метри подалеку беше телото на напаѓачот на Хамас.
Првата линија на одбрана на Кфар Аза беа чуварите на кибуцот. Тие беа убиени во тепачката со напаѓачите. Нивните тела биле извадени и ставени во вреќи, чекајќи да бидат извлечени.
Жителите на пограничните заедници на Израел очекуваат повремени ракетни напади откако Хамас ја презеде контролата врз Газа во 2007 година. Тие ја прифатија опасноста како цена на нивните животи. Сите куќи имаа зајакнати безбедни простории. Имаа тераси, скари, лулашки за деца и свеж воздух.
Но, никој во Кфар Аза или на друго место во Израел не замислуваше дека Хамас може да ја пробие одбраната на Израел и да убие толку многу луѓе, пишува Би-Би-Си.
Ужасот и гневот на Израелците се измешани со неверување дека државата и армијата не ја исполниле својата основна должност, а тоа е заштита на своите граѓани. Во кибуцот каде што се случи масакрот може да се видат телата на напаѓачите на Хамас, моторите со кои летале во кибуцот и параглајдеристите со кои летале.