Калчо дуел за Линделоф

89

Најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус, доби сериозна конкуренција во вечниот ривал Милан кога е во прашање потписот на шведскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф. Челниците на Милан се во потрага по дефанзивец кој може да биде достојна замена на данскиот интернационалец Симон Кјаер кој ќе си замине од Милано на крајот од актуелната сезона.