Тројца индиски војници настрадаа од лавина во Кашмир

    27

    Снежна лавина усмрти три индиски војници на подрачјето на Кашмир, соопшти денес индиската војска.

    Војниците паролираче во северозапдните делови на хималајската граница меѓу Идија и Пакистан кога се случила лавина, по што тие се спасени и префрлени во болница, каде што им подлегнале на здобиените повреди, поренесува портпаролот на идниската војска, пренесува АП.

    Снежните лавини и одрони се честа појава во Кашмир, и се една од главните причини за смрт на војниците во Индија и Пакистан, кои контролираат различни делови од таа област.

    Во текот на 2017 година, најмалку 20 индиски војници загинаа во три лавини, а во 2012 година, огромна лавина во делот на Кашмир кој го контролира Пакистан усмрти 140 луѓе, од кои 129 пакистански војници.