Светските метрополи од дрон: Апокалиптичен впечаток како на филм
Од празната Будимпешта до пустите плажи во Бразил, градовите во светот изгледаат како да се напуштени. Повеќето жители се повлекоа во своите домови, за да се спречи брзото ширење на коронавирусот, па улиците опустеа, што може да се види и на видеото кое е снимено од дрон во неколку светки метрополи. Видеото не води низ празните улици на Будимпешта, потоа во Вилнус, Истанбул, плажите во Рио де Жанеиро, кои оставаат апокалиптичен впечаток, како и во португалската престолнина Лисабон.