Папата Франциск и неговите соработници се негативни на коронавирус

29

Резултатите од тестовите за коронавирус направени на папата Франциск и неговите најблиски соработници се негативни, соопшти Ватикан.

Во Ватикан се тестирани 170 лица, од кои шест се позитивни.

– Можам да потврдам дека ниту Светиот Отец ниту некој од неговите најблиски помошници не е меѓу нив – рече портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.