„Одлични вести за крајот на неделата“: Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс

384

Кралот Чарлс ќе се врати на кралските должности по охрабрувачкиот напредок во неговото лекување од рак, објави Бакингемската палата.

Ова сепак не значи целосно враќање на службените обврски, но палатата испраќа позитивни сигнали, пишува Би-Би-Си.

Имено, кралот Чарлс во вторник ќе оствари симболична посета на Центарот за лекување на рак. Тој ќе се сретне со персоналот и пациентите и ќе ја изрази својата поддршка за истражувањето за лекување на ракот.

„Рано е да се каже колку долго ќе трае третманот“

Во јуни, сепак, кралот Чарлс ќе биде домаќин на јапонскиот цар и царицата.

„Рано е да се каже уште колку ќе трае неговото лекување“, додаваат тие.

За потсетување, не се знае од каков рак боледува кралот Чарлс, но неговиот лекарски тим е задоволен, од досегашниот напредок, порачуваат.

Веста за враќањето на кралот на службените должности ја сподели и премиерот Риши Сунак на X: „Одлични вести за крајот на неделата!“