РУСКИОТ ВОЕН ВРВ ПОД ЛУПА: Уапсен заменик на моќниот генерал на Путин

112
EPA-EFE/MIKHAIL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Шефот на Главната управа за комуникации на руските вооружени сили и заменик началникот на Генералштабот, Вадим Шамарин, денеска е уапсен под сомнение за примање мито.

„Судот го одобри барањето на истрагата за определување превентивна мерка притвор за Вадим Шамарин“, соопшти воениот суд на 235-тиот гарнизон, пренесува РИА Новости.

Рускиот медиум додава дека генерал-полковникот е осомничен за примање мито „во особено големи размери“.

На Шамарин му се заканува казна затвор до 15 години под обвинение за примање поткуп во особено големи размери, соопштија за РИА Новости во воениот суд.