Макрон пристигна во Нова Каледонија, најави дека полициските сили ќе останат на островот колку што е потребно

35

Францускиот претседател Емануел Макрон, пристигна во Нова Каледонија, француска прекуморска територија погодена од насилни протести, каде најави дека 3.000 француски полицајци ќе останат на островот се додека е потребно.

„Во следните часови и денови ќе бидат планирани големи нови операции каде што е потребно“, рече Макрон на состанокот со политичките и деловните лидери на островот, нагласувајќи дека редот ќе биде целосно воспоставен бидејќи „нема друг избор“.

Тој додаде дека 3.000 француски полицајци ќе останат на тој остров, доколку е потребно, дури и за време на Олимписките игри во Париз.