Расте црниот биланс во поплавите во Бразил: 75 загинати, 103 исчезнати и над 80.000 евакуирани

126
EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Бројот на загинати во поплавите во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул се искачи на најмалку 75, додека 103 лица се водат како исчезнати.

Претходно беше објавено дека во поплавите животот го загубиле 66 лица, а 101 лице се водат како исчезнати.

Надлежните служби предупредија дека бројот на жртви може да се зголеми, пренесува Ројтерс.

Поради поплавите евакуирани се 80.000 луѓе.

Претседателот Луис Инасио Лула да Силва пристигна во Рио Гранде до Сул, заедно со поголемиот дел од неговиот кабинет, за да разговара со локалните власти за спасувачките операции и реконструкцијата.

Во текот на изминатите неколку дена, поплавите зафатија околу две третини од вкупно речиси 500 градови во бразилската држава Рио Гранде до Сул, која граничи со Уругвај и Аргентина.

Поплавите уништија патишта и мостови во неколку области, а обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето и делумно уривање на мала хидроелектрична брана.