По заминувањето на Тони Симиќ, поранешниот македонски репрезентативец Игор Михалјовски е назначен за нов тренер на најтрофејниот кошаркарски клуб Работнички. Тимот од „Градски парк“ е во финансиска криза поради која си заминаа странците, а на крајот отказ доби и тренерот Симиќ.

Што се однесува до Михајловски, Работнички ќе му биде трет клуб во досегашната кариера, откако претходно ги редводеше Куманово и Кожув, а ќе го чека тешка задача со младиот тим.