Кошаркарките на Бадел 1862 доживеа нов пораз во регионалната лига ВАБА лига, откако загубија на домашен терен од фаворитот Будуќност со 59:67. Нашиот претставник одигра одлично во првото полувреме (44:33), но во вториот дел целосно разочараа.

Во третата четвртина „баделки“ реализираа само шест, а примија 21 поен, што беше доволно за гостите да ја преземат резултатската контрола во свои раце и предноста ја задржаа до крај.

Најефикасни во составот на Бадел беа Стојановска и Кметовска со по 18 поени.

Бадел 1862 во следното коло повторно ќе игра дома, а во Скопје на 9 февруари доаѓа екипата на Војводина.