Прв пат папата постави жена -државен секретар

81

Папата Франциск ја постави првата жена во Државниот  секретаријат, дипломатски и административен центар на Ватикан , каде функционери се само мажи.

Италијанската свештеничка Франческа Ди Џовани ќе ја заземе позицијата во Канцеларијата за државни односи, каде ќе биде потсекретар, или еден од двајцата заменици министри за надворешни работи.

Римокатоличката црква им дозволува само на свештениците да ракоположуваат функционери, а жените традиционално биле на маргините на администрацијата. Но, женските организации, вклучително и организацијата на римокатоличките калуѓерки, веќе долго време го повикуваат Папата да назначи повеќе жени на високи позиции во бирократијата во Ватикан. Тие го наведуваат фактот дека повеќе од половина од 1,3 милијарди католици се жени и дека има три пати повеќе жени, верници отколку мажи.

Ватикан објави дека Ди Џовани (66),  експерт по меѓународното право и човековите права, ќе биде одговорна за мултилатералните односи во Државниот секретаријат. Ватикан, суверена држава опкружена со Рим, има дипломатски односи со повеќе од 180 земји.