Кансело се сели во Лондон

112

Големиот ривал од англиската Премиер лига, тимот на Тотенхем, е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на португалскиот интернационалец од редовите на Манчестер Сити, Жоао Кансело.

Милионската аквизиција нема статус на стандарден првотимец, а пред неколку дена менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, изјави дека нема ништо против околу можната продажба на Кансело. Челниците на Тотенхем сакаат прво да го позајмат офанзивниот бек, а потоа да го откупат неговиот договор.