Курзава позајмен на Арсенал

128

Резервниот бек на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Левин Курзаба, најверојатно пролетниот дел од актуелната сезона ќе го одработи како позајмен играч во дресот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал.

Раководните лица на двата клуба се веќе седнати на преговарачката маса и треба уште да ја договорат паричната сума со која ќе биде откупен договорот на Курзава на крајот од актуелната сезона. Според последните информации, Арсенал ќе мора да одвои најмалку 15 мил. евра за обештетувањето на поранешниот фудбалер на Монако.