Аргентинецот Карлос Ројтман, поранешен возач во Формула 1, почина во Буенос Аирес на 79-годишна возраст. Тој бил хоспитализиран минатиот месец поради проблеми со дигестивниот тракт. Неговото здравје започна да се влошува во 2017 година кога му беше дијагностициран рак на црниот дроб.

Ројтман дебитираше во Формула 1 во 1972 година и се натпреваруваше до 1982 година за Брабам, Ферари, Лотус и Вилијамс.

Забележа 12 победи, 45 пати беше на подиумот и забележа шест пол-позиции.

Ројтман беше вицешампион во 1981 година кога ја заврши сезоната со само еден бод помалку од Нелсон Пике.