Челниците на НБА лигата одлучија да го променат логото за наредната сезона.

Сезоната 2021/2022 ќе биде јубилејна 75-та, па раководните лица во најсилната кошаркарска лига решија да го освежат логото.

На него ќе биде испишан бројот 75, а воедно ќе остане и легендарниот кошаркар Џери Вест, кој е на логото уште од 1969 година.