Весникот ВЕЧЕР на промоцијата на спотот на новата песна со Атиџе и Сузана Турунџиева: “Од Бекирлија до Битола“ – иста судбина!

883

(Дуле Миќиќ/фото:“Вечер“)

Во таа напуштена Бекирлија, од која Македонија за жал кренала раце, единствени жители сега се само Атиџе и нејзиниот брат Феим. Порано беше и мајка им со нив, но за жал таа почина. Откако јас го посетив селото, мојот живот не е ист, вели емотивно  Турунџиева

-Прв пат во животот ми се случуваат вакви работи, многу сум среќна што сум тука во Скопје на промоцијата на овој спот за оваа убава песна, порача славно-медената Атиџе од завчерашната промоција на песната “Од Бекирлија до Битола“ која ја пее во дует со нашата популарна Сузана Турунџиева. Промоцијата пред голем број заинтересирани новинари, музичари, пејачи, луѓето од (шоу) бизнисот се случи во убавиот вечерен амбиент на кафулето “Тафталиџе“. Песната е само една од многуте која се наоѓа на студискиот албум “Иста судбина“. Всушност целата ова идеја, осмислена и реализирана од страна на Турунџиева, многу ѝ се допаднала на Атиџе. Таа без двоумење сето тоа го прифатила. Одлично се снајде, па во шега вели дека “сега ќе биде малку важна, недостапна, ќе глумела ѕвезда“. Иако никогаш не била таква. А ѕвезда е, што е вистина.

Таа вечер на промоцијата Атиџе баш му беше достапна на секој присутен кој посакал со неа да другарува, да размени неколку муабети, да се слика за спомен. А, такви имаше навистина премногу, па просторот на кафулето наеднаш стана претесен за да ги задоволи желбите на сите. И Сузана и Атиџе со своите соработници направиле убава гала промоција за медиумите, новинарите, фановите, пријателите….

– Ова е една убава мисија, која ми е и предизвик и задоволство, без трошка интерес. Со Атиџе наидуваме на секакви коментари, но ние двете си чекориме сигурно по патот по кој покажавме дека доброто раѓа добрина. „Од Бекирлија до Битола“ е песна низ која јас почувствував да ги опеам нејзиното и моето родно место. Во таа напуштена Бекирлија, од која Македонија за жал кренала раце, единствени жители сега се само Атиџе и нејзиниот брат Феим.

Порано беше и мајка им со нив, но таа почина. Откако јас го посетив селото, мојот живот не е ист, ја промени мојата насмевка, моите погледи на сè, селото ми даде волја за живот. Сфатив дека можело да се живее и без интернет и без автомобил и без мобилните или и без модерните обувки, фустани, без мејкапот. Забораваме на тоа што сè ни дал бог, раскажа популарната Сузана, меѓу другото на промоцијата која славенички беше залиена со разни видови од вината.