Поради наводно сквернавење на Куранот: Гневни Пакистанци претепале христијанин и му ја запалиле куќата

59

Стотици гневни муслимани во Пакистан нападнале христијанин, го претепале и му ја запалија куќата и продавницата за чевли поради обвинувања дека наводно го сквернавил Куранот.

Началникот на окружната полиција во Саргода, град во провинцијата Пенџаб, рече дека полицијата дошла брзо и ги спасила животите на двајцата, ја растерала толпата и побарала помош од вероучители за да се смири ситуацијата.

Владата на Пенџаб го осуди нападот.

Еден од најлошите напади врз христијаните во Пакистан беше во август 2023 година, кога гневните толпи запалија цркви и нападнаа десетици луѓе во Џаранвала, област во провинцијата Пенџаб.

Муслиманите тогаш тврдеа дека виделе христијанин и неговиот пријател како го кинат Куранот и ги фрлаат страниците на земја.

Обвиненијата за богохулење се вообичаени во Пакистан, каде навреда на исламот или исламските верски личности се казнува со смрт.

Иако никој не е погубен за богохулење, честопати самото обвинение може да предизвика немири и да ја поттикне толпата на насилство, линч и убиства.