Поранешниот чувар на мрежата на Флензбург, Лемго, Хамбург, Кристијанштад, Дан Бојтлер, како член на Малме заминува во ракометна пензија, откако призна дека консумирал кокаин заради здравствени проблеми, па заработи 15-месечна суспензија. Судејќи по годините кои ги има (42), оваа суспензија практично значи и крај на кариерата.

-Добро функционирав во денот, но потоа се чувствував многу уморен ја губев концентрацијата и не можев нормално да разговарам со мојата сопруга, се правдаше искусниот голман.

Бојтлер долго време имал проблеми со консумирање на алкохол, но пороците како да не се „одлепуваа“ од него и заради нив неславно ја завршува богатата кариера.