Положени цвеќиња пред плочата на родната куќа на Мајка Тереза

167

Од Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ денеска положија цвеќиња на спомен-плочата на местото на родната куќа на хуманистката, во центарот на Скопје, и пред нејзиниот споменик на улица „Македонија“. Со тоа почна манифестацијата „Денови на св. Мајка Тереза“, која годинава е под знакот на 109-годишнината од раѓањето на св. Мајка Тереза“, којашто традиционално се одвива од 26 август до 5 септември.

Активностите продолжија во Домот на АРМ, каде што сликарот и хуманист Живко Поповски-Цветин ја отвори изложбата на ликовни дела и фотографии посветени на светицата Мајка Тереза и на фотографии на старо Скопје, по што беше промовирана збирката песни „Со почит кон Мајка Тереза“ од група автори.

На 5 септември денот на упокојувањето на св. Мајка Тереза, во Домот на АРМ со почеток во 20 часот ќе се одржи свечена академија на која ќе бидат доделени традиционалните посланија за хуманост и статуетки со ликот на св. Мајка Тереза на истакнати хуманисти и здруженија.

Фото: (П.С.)