Пожарникарски крос по повод 20 Мај

68

По повод 20 мај – Денот на пожарникарите се организираше традиционален пожарникарски крос, натпревар за учениците од основните училишта во Скопје.

На кросот, во конкуренција на женски 400 метри и на машки 500 метри, на кои учествуваа ученици од VII до IX одделение од основните училишта на Град Скопје.

Во овој натпревар учениците од ООУ„ Димитар Миладинов“ постигнаа одлични резултати и тоа: прво место во конкуренција мажи 500 метри освои Сергеј Малјановски, второ место во конкуренција мажи 500 метри освои Марко Димитров, а трето место во конкуренција жени 400 метри освои Марта Димковска.

Општина Центар им честита на учениците кои и на регионално ниво постигнуваат успеси и продолжуваат да ги поттикнуваат и мотивираат да го практикуваат спортот, да бидат физички активни, за да имаме здрава и среќна младина.