Полицаец од Базел го има победено Федерер со 6:0. 6:0  

355
EPA-EFE/ANDY RAIN

Рето Шмидли е човек кој е целосно непознат во светот на тенисот, па дури и во сопствената земја Швајцарија. Но, Шмидли ја има најдобрата приказна од тениските терени, инаку полицаец од Базел, кој пред многу години го има победно еден од најдобрите тенисери на сите времиња. На тој дуеле пресудна беше разликата во години, Шмидл беше физички многу посилен…

– Искрено, никогаш не обрнував многу внимание на тоа во годините што следеа – изјави Шмидли за шпанска „Марка“.

Шмидли стекна „светска слава“ поради фактот што е единствениот човек на светот кој го победи Федерер со 6:0, 6:0 – што самиот Федерер го спомна во едно од неговите многубројни интервјуа.

– Еден пријател ми кажа дека Федерер дал интервју за еден магазин во Америка, во кое го прашале дали некогаш загубил со 6:0 и 6:0. Тој одговори дека тоа се случило само еднаш, на турнирот во Прателно. Беше против мене – се присети овој полицаец.

Од победата над еден од најдобрите светски тенисери и на таа возраст Шмидли не прави приказна, разбира дека тоа било во најраното детство на големиот ас.

– Тоа беа почетоците, тоа не ми значи многу, иако сум горд, бидејќи на крајот Роже стана бренд. Федерер играше на еден од неговите први турнири, тој имаше 10 години, јас речиси 13. Никогаш не сум слушнал за него. Некои велеа дека е многу талентиран, дека има добра рака, но ништо друго – се присети Шмидли.

Патеките им се разделија, иако извесно време тренираа заедно.

– Роже влезе во Националниот тениски центар и јас продолжив да се подобрувам, но не со исто темпо. Подоцна се приклучив на неговиот клуб „Олд Бојс“, а потоа отидов во Австралија, во клубот на Патрик Рафтер. Но подоцна сфатив дека немам талент да бидам голем играч, само го сакав тенисот. Решив да студирам безбедност, знам дека Роже се запиша на психологија. Ако требаше да тренирам две недели по ред, на крајот ќе се заситев – вели Шмидли.

Рето Шмидли и Роже Федерер повторно се сретнаа подоцна, надвор од теренот.

– Повторно го видов на турнирот во сала во Базел. Ме препозна, но не разговаравме за тој натпревар. Беше со мајка му. Тогаш не знаев дека победив иден тениски гениј. Беше премал за да го види тоа, јас победив лесно бидејќи погреши, но сакаше да игра, а резултатот не му беше важен – заврши Шмидли.