Пендаровски се сретна со Столтенберг: Фокус на разговорите беа безбедносните прашања

50

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој престојува во посета на земјата, во рамки на неговата посета на земјите од Западен Балкан.

На средбата Пендаровски и Столтенберг разговараа за севкупната соработка со НАТО, во рамки на нашето полноправно членство во Алијансата и можностите за нејзино унапредување, за надворешно-политичките приоритети на земјата, како и за актуелните регионални безбедносни прашања и состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина и случувањата на Блискиот Исток.

Пендаровски истакна дека Македонија ќе продолжи и во иднина активно да придонесува во промовирање на мирот и стабилноста во регионот и пошироко и  посетата на Столтенберг ја демонстрира посветеноста на НАТО кон стабилноста и безбедноста на регионот во време на крупни безбедносни предизвици.