ОСТАНУВА ЗАД РЕШЕТКИ УШТЕ ДВА МЕСЕЦА: На таткото на момчето убиец од „Рибникар“ му е продолжен притворот

58

Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кецмановиќ, таткото на Коста.К.,момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и училишниот чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.

Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.