Оние кои не носат заштитна маска, ќе лежат една минута во мртовечки ковчег: Необична казна во Индонезија

93

Индонезијците кои одбиваат да носат заштитна медицинска маска во Џакарта, главниот град на државата, можат да изберат казна за плаќање 17 долари или лежење во ковчег една минута.

Властите ја воведоа оваа необична мерка за да ги натераат оние што не носат маска да размислуваат за опасните последици од нивното однесување, откако последниве денови дневниот број на новоинфицирани лица надмина илјада.

Инаку во Индонезија има повеќе од 180 илјади заразени со коронавирус, и повеќе од 7.600 починати.