Копола ќе го преправи „Кум 3“ за поадекватен заклучок на трилогијата

1402

Режисерот Франсис Форд Копола најави дека ќе објави нова, премонтирана верзија на „Кум 3“, којашто ќе биде „поадекватен заклучок“ на трилогијата за шефот на мафијата Мајкл Корлеоне.

Филмот, како што пренесува порталот NME, ќе го смени и насловот во „Mario Puzo’s The Godfather, Coda: The Death of Michael Corleone” (Кум на Марио Пузо, Епилог: Смртта на Мајкл Корлеоне).

„Тоа е потврда за титулата што ја посакувавме јас и Марио и нашите првични намери во врска со она што се покажа дека е Кум 3“, рекол Копола. За оваа верзија на финалето, направив нов почеток и крај и препакував некои сцени, кадри и музика. Со овие промени и обновената слика и звук, тоа е, според мое мислење, посоодветен заклучок за првиот и вториот дел на Кум”, навел режисерот.

Филмот е „реставриран“ во висока 4К резолуција. Новата верзија на „Кум 3“ ќе се дистрибуира во ограничен број кина во декември.

Копола во 2008. година, објави обновени верзии на првиот и вториот дел од „Кум“, а во меѓувреме, денес го објави и „конечниот рез“ на Апокалипса денес.