Нов пожар во Бејрут (видео)

25

Сè уште не е јасно што го предизвикало пожарот во зградата која ја проектирала покојната британска архитектка со потекло од Ирак, Заха Хадид.

Во трговскиот кварт во либанската престолнина Бејрут денес избил пожар, што е веќе втор таков случај овој месец.

Пожарот е брзо изгаснат, за сега нема известувања за евентуални жртви, но и покрај тоа во Бејрут се чуствува незадоволството на граѓаните, бидејќи се чини дека нема крај на неволјите во тој град. Опожарената зградата е проект на покојната британска архитектка со потекло од Ирак, Заха Хадид.

Бејрут и понатаму закрепнува од минатомесечната катастрофална експлозија на складиште со амониум нитрат, во која животот го загубија 192 луѓе.

„Ужасно е, неверојатно- секој ден имаме некој проблем“, рекол за „Ројтерс“ еден 48 годишен маж, кој рекреативно трчал низ градот и случајно се нашол на местото каде што избил пожарот.

После катастрофалната експлозија во бејрутското пристаниште, либанската влада поднесе колективна оставка, а новата, која се уште не е формирана ќе мора да се бави со големата економска криза која веќе некое време владее во земјата, наведува агенцијата.