Стартува дезинфекцијата на училиштата во Карпош

24

Екипа на овластена фирма за дезинфекција, дезинсекција и дератизација од денеска почна со дезинфекција на основното општинско училиште „Лазо Трповски“ во Карпош 3.

Со тоа и официјално стартуваше редовната дезинфекција на сите десет основни училишта на територијата на Општина Карпош, пред стартот на учебната година на 1 октомври.

– Според Законот, ваква сеопфатна дезинфекција во предучилишните и училишните установи во општините се врши секои шест месеци во годината, но Општина Карпош, во текот на март направи уште една дезинфекција на градинките и школите поради вонредната состојба со пандемијата- соопшти Општина Карпош.

Како што наведуваат оттаму, од понеделник, продолжува дезинфекцијата и во другите девет објекти на училиштата во Карпош, така што, до 30 септември сите установи безбедно ќе ги пречекаат учениците во новата учебна година.