Наградата ќе ја примат нејзините деца: Иранката-добитничка на Нобеловата награда за мир во моментот е во затвор, од утре штрајкува со глад

456
Фото:EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Иранската активистка Наргес Мохамади, која моментално е во затвор во таа земја, најави дека ќе започне нов штрајк со глад во недела, денот кога нејзините деца ќе ја добијат Нобеловата награда за мир на нејзино место во Осло.

Мохамади, која конкретно се противи на задолжителното носење хиџаб и смртната казна во Иран, штрајкува со глад „во знак на солидарност со верското малцинство Бахаи“, изјавија нејзиниот брат и сопруг на прес-конференција одржана во Осло пред церемонијата на доделување на Нобеловата награда.

„Наргес денес не е овде со нас. Таа е во затвор и ќе штрајкува со глад во знак на солидарност со верското малцинство“, рече нејзиниот помлад брат Хамидреза Мохамади во кусата воведна изјава.

Сопругот на 51-годишната активистка, Таги Рахмани, појасни дека гестот на солидарност се однесува на бахаите и дека двајца водечки луѓе од тоа малцинство исто така штрајкуваат со глад.

Најголемото верско малцинство во Иран е цел на дискриминација во многу сектори на општеството, според неговите претставници.